Трет пораз на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023

Младинската женска репрезентација на Македонија вечерва во Миовени го запиша третиот пораз во преелиминарната фаза од репрезентацијата на Чешка на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023.

Нашите ракометарки лошо го започнаа натпреварот и имаа серија од 4 неискористени напади, кои резултираа со почетна водство на чешките ракометарки. Ракометарките на Чешка имаа константно водство од 2 до 3 погодоци се до 23 -тата минута кога преку Теодора Дукоска го изедначивме резултатот на 11:11, а веднаш потоа преку Јанкуловска Марија и да поведеме со 11:12.

Ракометарките на Чешка го изедначија резултатот на 12:12 преку Ваврова Вероника, но сепак Стефаноска Сара со погодок во последните секунди од полувремете ни донесе водство. Резултатот на полувреме беше 12:13.

Исто како и почетокот на првото полувреме така започна и второто за нашата репрезентација. Серија од многу неизнудени технички грешки од страна на нашите ракометарки, кои ракометарките на Чешка успешно ги казуваа и имаа серија од 5:0. Следеше период во кој нашата селекција играше сигурно во нападот и преку Јанкуловска , Младеновска и Стефаноска го намаливме водството на протиникот на еден погодок, но сепак до крајот на натпреварот не успеавме да направиме целосен пресврт и го запишавме третио пораз. Конечен резултат на натпреварот беше 29:24.

Како што беше одднапред познато во следната фаза на ЕП, ракометната младинска женска селекција на Македонија ќе вкрсти трето и четврто пласираната селекција од групата Ц во која се селекциите на Србија, Франција, Норвешка и Унгарија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024