По вчерашниот триумф од 25-24, Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година), денеска доживеа пораз од 25-23 во втората пријателска средба со Катар во Доха.
Натпреварот во најголемиот дел беше изедначен, а селекторот Иле Темелковски им даде поголема шанса и на помладите ракометари во овој последен подготвителен натпревар пред настапот на СП во Алжир. На полувреме Катар водеше со 13-11 и успеа да го задржи водството до крајот за триумф од 25-23.
Филип Талески со 7 погодоци беше најдобар стрелец во нашиот тим, Димитриоски, Јагуриновски и Велковски додадоа по 3 гола, Нелоски и Лазаревски реализираа по 2, а со по еден гол во листата на стрелци се запишаа и Арсеновски, Палевски и Шилегов.
Враќањето од Катар е предвидено за доцна вечерва, а репрезентацијата заминува за Алжир во понеделник наутро. Македонија првиот натпревар го игра во вторник од 14:00 часот против Русија. Во групната фаза ќе се сретнеме уште со Брукина Фасо, Тунис, Шпанија и Бразил.