Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска ракометна репрезентација Наум Танески го објавуваат списокот на повикани ракометари за собир и настап и претстојниот квалификациски турнир за пласман на EHF EURO M18 2024.
Претстојното EHF EURO M18 ќе се оддржи во Црна Гора , а нашата кадетска репрезентација е дел од групата Б заедно со кадетските репрезентации на Косово , Швајцарија и Словачка.
Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:
05.01.2024 – Петок
- 12:00 часот Швајцарија – Косово
 - 15:00 часот Македонија – Словачка
 
06.01.2024 – Сабота
- 12:00 часот Словачка – Косово
 - 15:00 часот Македонија – Швајцарија
 
07.01.2023 – Недела
- 12:00 часот Швајцарија – Косово
 - 15:00 часот Косово – Македонија
 
Собирот е закажан на ден 25.12.2023 година (понеделник) со почеток во 09:30 часот во СС Автокоманда.
															






