Младинската репрезентација на Македоднија (генерација 1998/99) во периодот од 14 до 17 април 2016 година ќе настапи на меѓународниот турнир во Бугојно, Босна и Херцеговина.
ВП помошникот на селекторот – Никола Матлиевски и тренерот Стојан Петрушевски повикаа 39 ракометари на изборниот тренинг што ќе се одржи на 12 април (вторник) во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје, со почеток од 11:30 часот.
Ова е шесто издание на меѓународниот ракометен турнир во Бугојно, кој од година во година го зголемува квалитетот, а на кој Македонија е веќе редовен учесник. На овогодинешното издание, покрај Македонија ќе настапат и репрезентациите на: Полска, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Катар и домаќинот Босна и Херцеговина. Македонија е во група со Хрватска, Полска и Катар.