Симе Симовски го објави списокот на Женската Сениорска Репрезентација за Квалификациите за ЕП 2018

Симе Симовски го објави списокот на Женската Сениорска Репрезентација за Квалификациите за ЕП 2018

Селекторот на Женската Сениорска Репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета за двата први натпревари од Квалификациите за Европското Првенство 2018 година во Франција. 

Нашата репрезентација ќе го отвори квалификацискиот циклус со натпревар против фаворизираната Шведска на гостински терен во Лунд на 28 септември, додека на 1 октомври Македонија во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Србија. Во нашата квалификациска група уште се наоѓа и селекцијата на Фарски Острови.

Првиот собир е закажан за 25 септември (понеделник) од 18:30 часот во СРЦ „Кале“, а селекторот Симовски во поширокиот список вклучи 23 ракометарки:

Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Мицевска, Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамоска, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Зорица Десподовска, Александра Боризовска, Андреа Белеска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Ивана Гакидова, Марија Николиќ.

ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ ЗА ПОДГОТОВКИ И НАСТАП
НА КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАРИ ЗА ЕП 2018 ФРАНЦИЈА

Инаку, непосредно пред првиот собир, нашата Женска Репрезентација ќе одигра подготвителен меѓународен турнир во Турција, во периодот од 21 до 24 септември. Селекторот Симовски, за настапот на турнирот на кој Македонија ќе се сретне со Италија и со две екипи на домаќинот Турција, повика 17 ракометарки. Поаѓањето за Турција е предвидено за 21 септември (четврток) од 08:15 часот од пред канцелариите на РФМ.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ ПОВИКАНИ ЗА НАСТАП НА
МЕЃУНАРОДЕН ПОДГОТВИТЕЛЕН ТУРНИР ВО ТУРЦИЈА

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на