Женската сениорска репрезентација на Македонија по успешниот квалификациски циклус обезбеди бараж натпревари за пласман на СП 2019 во Јапонија.
Репрезентацијата на Македонија е дел од вториот шешир а ке игра против репрезентација од првиот шешир.
Репрезентации во прв шешир: Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска.
Репрезентации во втор шешир: Австрија, Хрватска, Чешка, Полска, Белорусија, Исланд, Македонија, Швајцарија и Словачка.
Извлекувањето е закажано на 15.12.2018 во 16:30 часот во Акорхотел арената во Париз, со пренос во живо на официјалната веб страна на EHF EURO 2018.
Првиот бараж натпревар ќе се одигра во период меѓу 31.05.2019 – 02.06.2019 година, додека реванш натпреварот се во период од 04.06.2019 до 06.06.2019 година.
Репрезентациите на Холандија, Романија и Русија, заедно со домаќинот Јапонија и актуелниот светски шампион Франција обезбедија учество на СП 2019.