Сениорките во вториот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за Women’s EHF EURO 2024

Сениорките во вториот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за Women’s EHF EURO 2024

Женската сениорска репрезентација е дел од вториот шешир за претстојното извлекување на квалификациските групи за Women’s EHF EURO 2024.

Завршниот турнир на Women’s EHF EURO 2024 ќе се оддржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија, и настапат вкупно 24 репрезентации, а преку квалификациите пласман на Women’s EHF EURO 2024 ќе обезбедат 20 репрезентации, а покрај домаќините учество на турнирот обезбеди и Норвешка која беше победник на последното првенство.

Вкупно 31 репрезетација ќе се борат за пласман на Европско првенство, и пред извлекувањето ќе бидат поделени во 4 шешири:

Шешир 1: Франција, Данска, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Црна Гора, Хрватска

Шешир 2: Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Македонија, Словачка, Исланд

Шешир 3: Португалија, Украина, Турција, Италија, Фарски Острови, Литванија, Грција, Косово

Шешир 4: Израел, Финска, Луксембург, Босна и Херцеговина, Летонија, Азербејџан и Бугарија.

Извлекувањето може да се проследи во живо на официјалниот YouTube канал на EHF и на Arena Sport TV.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на