Сениорките во третиот шешир за извлекувањето на квалификациските групи за ЕП 2020

Сениорките во третиот шешир за извлекувањето на квалификациските групи за ЕП 2020

Женската сениорска репрезентација е дел од третиот шешир за претстојното извлекување на квалификациските групи за ЕП 2020 во Данска и Норвешка.

Извлекувањето на квалификациските групи за ЕП 2020 е закажано на 04.04.2019 во Копенхаген, во 18:00 часот.

Вкупно 28 репрезентации ќе учествуваат во квалификациите, а пред извлекувањето се поделени во 4 шешири.

Шешир 1: Франција, Холандија, Русија, Шведска, Романија, Црна Гора, Германија

Шешир 2: Србија, Чешка, Унгарија, Шпанија, Словенија, Полска, Хрватска

Шешир 3: Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Украина, Италија, Македонија

Шешир 4: Швајцарија, Исланд, Португалија, Литванија, Фарски Острови, Косово и победникот од квалификациска фаза 1 (Израел, Финска, Грција и Луксембург)

ЕП во женска сениорска конкуренција ќе се одржи во Данска и Норвешка во период од 04 до 20 декември, директен пласман наЕП имаат обезбедено домаќините Данска и Норвешка.

Директен пренос од извлекувањето на групите може да се прослени во живо на EHF Euro Youtube и EHF Facebook страната.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести