Сениорките и Јуниорките поразени во првите пријателски средби во Црна Гора

Сениорките и Јуниорките поразени во првите пријателски средби во Црна Гора

Сениорската и Јуниорската женска репрезетација на Македонија во рамки на ЕХФ неделата гостува во Црна Гора каде синоќа ги одигра првите пријателски натпревари против соодветните домашни репрезентации.

На натпреварот во сениорска конкуренција што се играше во салата „Морача“ во Подгорица, првото полувреме донесе главно изедначен резултат, сепак во неговата завршница Црна Гора со серија од 5-0 стигна до предност на паузата од 15-10. Домашните ракометарки знаеја да ја одржат предноста до крајот на средбата, за конечен триумф од 31-24. Теодора Кермичиева беше најпрецизна во нашиот тим со 9 голови, а Нолевска додаде 4. Македонија настапи без Сара Ристовска.

Сличен тек имаше и средбата во јуниорска конкуренција што се играше во Универзитетската сала во Подгорица. Македонија играше солидно во првото полувреме против фаворизираниот противник и на пауза се замина со 13-10 за Црна Гора. Во второто полувреме домаќинот се одлепи за победа од 27-16. Стојановска и Тодоровска беа најдобри стрелци за нашиот тим со по 5 постигнати голови.

Денеска во Подгорица, двете репрезентации ќе одиграат по уште една пријателска средба за продолжување на подготовките за претстојните квалификации за СП. Прв се игра натпреварот во јуниорска конкуренција кој е закажан од 15:30 часот, додека сениорките ќе почнат од 18:30 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести