Сениорите со победа ги почнаа квалификациите за EHF EURO 2024

Сениорите со победа ги почнаа квалификациите за EHF EURO 2024

Сениорската машка репрезентација на Македонија вечерва во СЦ “Борис Трајковски” со победа ги започна квалификациите за пласман на EHF EURO 2024 и со два бода ќе патува на гостување во Турција во натпревар од второто коло.

Уште на самиот старт на натпреварот ракометарите на Македонија успеаа да наметнат свој начин на игра на кој противничките ракометари немаа одговор. Поведовме со 3:0 преку Игор Горгиев, а потоа и со 6:3, за потоа во период од 15-тина минути и со сигурна игра во нападот и цврста одбрана да направиме 10:1, а резултатот во 23-тата минута од натпреварот беше 16:04. Убедливото водство нашите ракометари го задржаа до крај на полувремето.

Ракометарите на Македонија и во второто полувреме имаа целосна контрола на натпреварот, водството на нашата репрезентација не беше загрозено до крајот на натпрварот. Треба да се одбележи дека сите ракометари од ростерот добија шанса да играат.

За репрезентацијата на Македонија повеќе ракометари постигнаа по пет погодоци (Филип Кузмановски, Цветан Кузмановски и Мартин Серафимов), а по четири погодоци постигнаа Игор Горгиев и Филип Талески, на голото на нашата селекција Митревски имаше осум интервенции, а Кизиќ имаше шест интервенции.

Следен натпревар за сениорите е против Турција во Ван на 16.10.2022 (недела) во 16:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024