Сениорската машка селекција на Македонија ќе биде дел од Президент Куп на Мундијалот во Полска/Шведска.
Ракометарите на Македонија вечерва во Таурон Арена го запишаа и третиот пораз во третиот натпревар од пре-елиминарната фаза на Мундијалот. Вечерва во Таурон Арена славеа ракометарите на Аргентина и се пласираа во главната фаза на Мундијалот, а ракометарите на Македонија ќе бидат дел од Президент Куп.
Вечерашниот натпревар започна добро за нашата селекија, имавме почетно водство 1:0, 2:1, но како одминуваше време така ракометарите на Аргентина ја превземаа контролата на теренот и по петнаесет минута игра имаа пет погодоци предност 05:10, ракометарите на Македонија и покрај обидите да го намалат водството не успеваа во нападите. Сениорите на полувреме има идентична негатива како и во првите два натпревари 11:18.


Второто полувреме започна со многу подобра игра и поорганизирана и поцрвста игра во одбрана од страна на ракометарите на Аргентина, а таа игра резултираше со зголемување на нивното водство. Во 50-тата минута од натпреварот ракометарите на Агентина стигнаа и до двоцифрено водство 20:3, а во 53-тата минута изнесувше и дванаесет погодоци 21:33. Ракометарите на Македонија до крајот успеаа да ја намалат негативата, натпреварот заврши 26:35.


Сениорите продолжуваат на Мундијалот со настап во рамките на Президент Куп против репрезентациите на Алжир, Тунир и Мароко, натпреварите се играат во Плоцк, Полска.
Прв противник е Алжир, а натпреварот е закажан за 19.01 во 15:30 часот

