Сениорите четврти, сениорките седми на Медитеранските Игри во Оран

Сениорите четврти, сениорките седми на Медитеранските Игри во Оран

Сениорската машка репрезентација на Македонија со пораз од Србија (28-34) во мечот за бронзениот медал, го заврши настапот на Медитеранските Игри во Оран освојувајќи го четвртото место, остварувајќи две победи (против Грција и Турција), еден нерешен резултат против домаќинот селекцијата на Алжир и три порази (против Шпанија, Египет, Србија).

Женската репрезентација на Македонија со победа против домаќинот Алжир го заврши настапот на Медитерански Игри освојувајчи го седмото место. Женската селекција на Македонија успеа еднаш да слави против Алжир и запиша три порази од селекциите на Турција, Србија и Португалија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести