Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објавува скратениот список на ракометарки повикани за собир

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објавува скратениот список на ракометарки повикани за собир

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кристијан Грчевски го објавува скратениот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со репрезентацијата на Шпанија во рамки на Women’s EHF EURO 2024 Qualifiers за пласман на WOMEN’S EHF EURO 2024.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

Сениорките прво ќе оддиграат натпревар на домашен терен во СЦ Борис Трајковски на 29.02 во 18:00 часот , а потоа ќе гостуваат во Шпанија во градот Ланзароте. Натпреварот ќе се оддигра на 03.03 во 17:00 часот.

Досега во квалификациите нашата сениорска женска репрезентација запиша две победи во исто толку натпревари. Во првото квалификациско коло сениорките запишаа убедлива победа на домашен терен против репрезентацијата на Азербејџан, а во следното коло запишаа и гостинска победа против репрезентацијата на Литванија.

WOMEN’S EHF EURO 2024 ќе се оддржи во Австрија , Унгарија и Швајцарија во период од 28 ноември до 15 декември.

Собирот е закажан за ден 25.02.2024 година (недела), со почеток во 12.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024