Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објавува списокот на ракометарки повикани за меѓународен турнир во Турција.
Меѓународниот турнир ќе се оддржи во Анкара, Турција во период од 04.12 до 08.12, а нашите ракометарки ќе оддираат средби против сениорските селекции на Словачка, Словнија и Турција.
Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:
- 05.12 – Македонија – Турција – 16:00 часот по локално време (14:00 часот по македонско време)
- 06.12 – Македонија – Словенија – 14:00 часот по локално време (12:00 часот по македонско време)
- 07.12 – Македонија – Словачка – 12:00 часот по локално време (10:00 часот по македонско време)
Собирот ќе се одржи на 28.11.2025 (Петок) во Хотел Ангро – Кавадарци во 12:00 часот.






