Во пресрет на претстојниот Ф4 турнир од Купот на Македонија, ве информираме дека билетите се пуштени во продажба од денес.
Со еден билет ќе може да се проследат полуфиналните натпревари од машкиот и женскиот Ф4, кои ќе се одиграат на 17 и 18 април во
СС „Парк“ – Струмица, со почеток во 17:00 и 20:00 часот.
Цената на билетот изнесува 400 денари.
Билетите може да се купат на следниот линк:
https://mktickets.mk/event/f4polu/
За билетите за финалниот натпревар (недела), дополнително ќе биде објавена информација.
Финале (19.04.2026 – недела):
Жени – 17:00 часот
Мажи – 20:00 часот
Промените на термините се направени на барање на Македонската национална телевизија, со цел сите натпревари да бидат пренесувани во живо.








