Селекторот на машката сениорска репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за собир за претстојните натпревари во рамки на 2023 Men’s World Championship Qualification Europe Phase 2 Part 1.
Во рамки на EHF неделата сениорксата репрезентација на Македонија ќе го одигра првиот бараж натпревар за пласман на 2023 Men’s World Championship кое ќе се одржи во Полска и Шведска. Противник во баражот на сениорите е репрезентацијата на Романија.
Собирот е закажан за ден 13.03.2022 (недела) со почеток во 20.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.