РК Вардар Неготино обезбеди опстанок во Супер Машка Лига за сезона 2023/24

РК Вардар Неготино обезбеди опстанок во Супер Машка Лига за сезона 2023/24

РК Вардар Неготино наредната сезона (2023/24) ќе се натпреварува во елитната Супер Машка Лига, откако во бараж натпреварот за пласман во Суперлигата, го совлада тимот на РК Драчево со резултат 27:22.

На средбата одиграна вчера на неутрален терен во Неготино во салата Св Кирил и Методиј, ракометарите на РК Вардар Неготино водеа во текот на сите 60 минути од натпреварот и заслужено стигнаа до триумфот. Тимот на РК Вардар Неготино рано во натпреварот стигнаа до солидна предност од 7-2, па 8-3, а до крајот на полувремето ракометарите на РК Драчево успеаа да ја намалат предноста и на пауза замина со 14-12.

Во второто полувреме, ракометарите на РК Драчево не успеаа да ја намалат предноста на РК Вардар Неготино, а ракометарите на РК Вардар Неготино знаеа како да ја задржи водството за конечен триумф од 27:22.

ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАР

Покрај РК Вардар Неготино, учество во Супер Машка Лига за натпреварувачка сезона 2023/24 обезбедија РК Мулти Есенс (шампион во Прва Машка Лига) и РК Аеродром како второпласирана екипа во Прва Машка Лига. Во Прва Машка Лига се преселија екипите РК Радовиш, РК Јуниор Кисела Вода и РК Драчево.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на