РФМ ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација за пласман во баражот за СП

РФМ ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација за пласман во баражот за СП

По претходно донесена Одлука на Управниот Одбор, Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација, за пласман во баражот за СП Јапонија 2019.

Успешниот настап во квалификациската група што се играше на домашен терен, им обезбеди пласман на нашите репрезентативки zа бараж-натпреварите кои ќе се одиграат во јуни 2019 година, во чии рамки најпрво ќе се игра на домашен терен со репрезентацијата на Словенија, додека вториот натпревар ќе се игра на гостински терен.

Победниците од бараж-двомечот ќе осигураат пласман на Светското Првенство Јапонија 2019.

Управнииот Одбор на РФМ донесе и дополнителна Одлука , до колку сениорките обезбедат пласман на претстојното СП во Јапонија ќе бидат наградени со дополнителни 30.000 евра.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести