По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на IHF World Championship 2025.
Македонската сениорска репрезентација на IHF World Championship 2025 CRO/DEN/NOR настапи во градот Вараждин Р. Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето.
Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија