По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска.
Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска совладувајќи ги репрезентациите на Романија и Чешка во бараж квалификациските натпревари.
Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи осмо учество на ракометен Мундијал кој ќе се одржи во Полска и Шведска во јануари 2023 година.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија
