Вечерва во СЦ „Борис Трајковски” сениорската машка репрезентација го запишаа првиот пораз на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers Phase 2 од репрезентацијата на Португалија резултат 23:26, на полувреме 11:14.
Сениорите добро го започнаа натпреварот и имаа почетно водство преку Џонов во втората минута. Следеше период во кој двете селекции имаа технички грешки во играта и нереализирани напади, а во тие моменти од натпреварот подобро се снаоѓаа репрезентативците на Португалија и во 18-тата минута од натпреварот имаа водство од четири погодоци 04:08. До крајот на првиот дел сениорите успеаа разликата да ја намалат за еден гол, а резултат гласеше 11:14.
Момците на селекторот Кирил Лазаров одиграа фантастично борбен натпревар во второто полувреме, и негативата од четири погодоци што ја имаа репрезентативците на Португалија успеаа да ја анулираат и по оддиграни 14 минути во вториот дел резултатот беше нерешено 19:19, а веќе во следниот напад имавме и водство преку Филип Кузмановски. Пота следеа неколку технички грешки на нашата репрезентација, а Португалија умешно не казнуваше преку нивниот најрасположен играч Ареиа Антонио и во 53-тата минута го повториа нивното најголемо водство од 4 погодоци. Конечен резултат на натпреварот беше 23:29 за репрезентацијата на Португалија.
За репрезентацијата на Македонија најрасположени стрелци беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов кои постигнаа по 5 погодоци, додека за селекцијата на Португалија беше Ареиа Антонио со 10 погодоци.
За селекцијата на Македонија следни повторно натпревар против Португалија во рамки на четвртото коло од квалификациите за Men’s EHF EURO 2024 Германија. Натпреварот е предвиден да се оддигра во недела 17:30 часот.