Промоција на EHF EURO Woman 2022 SLO – MNE – MKD

Денеска во Љубљана за прв пат во присуство на претседателот на ЕХФ Михаел Видерер се состанаа и претставниците на трите ракометни федерации што ќе го организираат следното Европско сениорско првенство во женска конкуренција. Тоа се Македонија, Словенија и Црна Гора. Шампионатот ќе се одржи од 4 до 20 ноември. На денешната промоција на првенството говореа претставниците на федерациите.

Претставник на нашата ракометна федерација беше член на Управниот Одбор Александар Стефанов. „Голема чест за Македонија е што ќе бидеме домаќини на еден ваков голем настан,затоа што ракометот е спорт број еден во нашата држава. Ова ќе биде втор пат кај нас да се одржува Европско сениорско првенство. Со нетрпение го очекуваме овој предизвик – Ќе бидете добредојдени во ноември во Скопје, изјави Стефанов.

Престедателот на Европската ракометна федерација, Михаел Видерер изрази задоволство што шампионатот ќе се игра во овие три држави: „Македонија беше домаќин на ЕП во 2008, Словенија организираше машко европско првенство во 2004, а Црна Гора има долга традиција во женскиот ракомет. Сите три држави се покажале како гостопримливи и одлични организатори. Затоа со нетрпение го очекуваме ова првенство“, изјави Видерер. Претседателот на Ракометната федерација на Црна Гора, Петар Каписода изјави дека е сигурен дека Црна Гора ќе биде одличен организатор на шампионатот и се заблагодари за укажаната доверба.

Фрањо Бобинац (претседател на Ракометна Федерација на Словенија и почесен претседател на Организацискиот комитет на ЕП 2022). „Среќни сме што имаме фантастичен тим од истакнати, познати и креативни дами, кои ја потврдуваат својата креативност и знаење секој ден и оставаат свој печат за создавање на подобар свет за сите нас. Благодарност до ЕХФ за укажаната доверба на трите држави“.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024