Пораз од Тунис во Президент Куп

Вечерва во Орлен Арена во Плоцк, Полска сениорите го запишаа првиот пораз на Президент Куп на Мундијалот. Во натпревар во второто коло од Президент Куп ракометарите на Македонија се поразени од селекцијата на Тунис со резултат 28:33.

Ракометарите на Тунис одлично го започнаа натпреварот и имаа водство од 0:5 по само пет минути игра, а погодоците ги постигнаа Мареф и Јалуж. Но потоа ракометарите на Македонија со брз и атрактивен ракомет влегоа во серија и успеаа да се вратат во натпреварот. Погодоци постигнуваа Дејан Манасков и Филип Талески, а резулатот на семафорот беше 06:08 по петнаесет мунити игра.

До крајот на полувремето се играше егал натпревар и на полувреме ракометарите на Македонија заминаа со два погодоци негатива 14:16.

Големата борба продолжи и во вториот дел, а ракометарите на Македонија постојано ја бркаа негативата на ракометарите на Тунис. Селекцијата на Тунис во почетните минути од второто полувреме имаа предност од три погодоци, но потоа следеше одлична игра на нашата селекција во нападот и во 43-тата минута од натпрварот го имаше првото водство на натпреварот. Во финишот одново направиме неколку грешки и конечно средбата заврши со резултат 28-33 во корист на ракометарите на Тунис.

За нашата репрезентација најефикасен ракометар беше Филип Кузмановски со осум погодоци од осум удари кон противничкиот гол, потоа следеше Манасков кој постигна седум. Додека за селекцијата на Тунис најрасположен ракометар беше Дармул со седум погодоци.

Следи натпревар против селекцијата на Мароко во последното коло од Президент Куп, натпреварот е закажан за 23.01 (понеделник) во 18:00 часот.

photo: IHF

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести