Вечерва во СЦ “Борис Трајковски” сениорките го одиграа четвртиот натпревар од EHF EURO CUP против Словенија и забележаа пораз со резултат 20:27.
Нашите ракометарки лошо го отворија натпреварот и никако не можеа да се вратат во игра ниту пак да ја повторат играта од претходната пресметка со Словенија. Со погодокот на Гичевска поведовме со 1:0, но тоа беше и последно водство на нашите сениорки.


Ракометарките на Словнија постојано имаа контрола врз резултатот, а нивното најголемо водство беше со три погодоци, водеа со 3:6, 8:5. Сениорките на дозволија поголемо водство на противничките и со погодокот на Гичевска во 28-та минута го изедначивме резултатот на 11:11. Сепак до крајот на полувремето не успеавме да реализираме два напада и на полувреме се замина со резултат 11:13 во корист за Словенија.
Второто полувреме започна со многу подобра игра и поорганизирана и поцрвста игра во одбрана на Словенија, а таа игра резултираше со зголемување на нивното водство. Водството на Словенија изнесуваше шест, седум погодоци 12:19, 17:24. Македонските репрезентативки до крајот на натпреварот и покрај обидите не успеаа да го намалат водството, натпреварот заврши 20:27.


За репрезентацијата на Македонија најефикасни ракометарки беа Сара Ристовска со 8 погодоци, потоа Леонида Гичевска со 4 погодоци, а Јована Мицевска го заврши натпреварот со 6 одбрани. За селекицијата на Словенија најефикасени ракометарки беа Ана Грос со 8 погодоци, потоа Нина Зулиќ со 5 погодоци.
