Пораз од Романија и во втората средба од баражот за СП

Пораз од Романија и во втората средба од баражот за СП

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Романија и во вториот бараж натпревар за пласман на СП 2021 во Шпанија.

Во вториот бараж натпревар одигран на домашен терен во СЦ “Јане Сандански” сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 20:35, на полувреме 10:18.

Македонската репрезентација беше рамнправен во првите пет минути од натпреварот, во кои имавме и предност од два гола (3:1), за потоа репрезентацијата на Романија со ефикасна игра во одбраната и нападот за ја преземе целосно контролата врз натпреварот, на полувреме репрезентацијата на Македонија замина со негатива од осум погодоци (10:18).

Во второто полувреме селекцијата на Романија повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше, негативата на нашите ракометари постојано беше голема, направиме неколку технички грешки, имавме и нереализирани шутеви, а сето тоа селекцијата на Романија го користеше и конечно средбата заврши со резултат 35:20 за репрезентацијата на Романија.

Најефикасна ракометарка на натпреварот беше Лаура Моиса од селекцијата на Романија со осум постигнати погодоци, додека за селекцијата на Македонија најефикасна ракометарка беше Елена Ѓорѓиевска со шест погодоци.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести