Пораз од Норвешка во првиот натпревар на Мундијалот во Полска

Пораз од Норвешка во првиот натпревар на Мундијалот во Полска

Македонската машка ракометна репрезентација со пораз од селекцијата на Норвешка со резултат 39:27 го стартуваше Светското Првенство кое се оддржува во Полска.

Момците на селекторот Кирил Лазаров одиграа фантастично борбен натпревар во почетниот дел од натпреварот, а резултатот на семафорот по одиграни седумнаесет минути беше нерешен 09:09. Слеше период со многу неизнудени технички грешки од страна на нашите ракометари, кои ракометарите на Норвешка успешно ги казуваа и имаа серија од 4:0. Следеа два брзи погодоци од страна на Дејан Манасков, но тоа беше се што прикажа нашата селекција до крајот на полувремето. Потоа следеше уште еден тежок период за нашата селкција во кој норвешките ракометари направија серија 5:0 и со резултат 18:11 се замина на полувреме.

Во второто полувреме Шведска повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше. Долго време резулатот, односно негативата беше едноцифрена, но во финишот одново направиме неколку грешки и конечно средбата заврши со резултат 39-27 за Норвешка.

Во таборот на македонската репрезентација најјефикасен ракометар беше Филип Талески со седум погодоци, следеа Манасков со пет, а Петров и Кузмановски постигнаа по четири. Никола Митревски запиша шест одбрани.

Следи натпреварот од второто коло на Мундијалот против селекцијата на Холандија на 15.1 во 18:00 часот.

photo: IHF

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024