Пораз од Франција на старотот на ЕП 2024

Пораз од Франција на старотот на ЕП 2024

Македонската машка ракометна репрезентација со пораз од Франција со 39:29 го стартуваше Европското првенство во Германија на натпревар кој за прв пат во историјата се оддигра на фудбласки стадион. Ракометарите одиграа фантастично борбен натпревар, но на крајот мораа да се помират со убедлив пораз од 39:29.

Сениорите одлично го започнаа натпреварот и први поведоа на натпреварот преку Филип Талески, но ракометарите на Франција брзо се вратија и поведоа со 3:1 па 4:2 преку Фабрегас и Дескат. Избраниците на Кирил Лазаров не се предадоа, напротив успеаа да го изедначат резултатот и веднаш потоа да и повторно да имаат водство од 8:10, а во тие моменти од средбата најефикасни беа Кузмановски , Пешевски и Џонов. Веднаш потоа селекторот на Франција побара тајм аут и ракометарите на Франција успеаа преку брзи погодоци да го превеземат водството, а погодоци постигнуваа Дескат , Пранди и Фабрегас а резултатот на семафорот после дваесет и четири минути игра беше 14:11 за Франција. Ракометарите на Франција не го испуштија водството и на полувреме се замина со резултат 17:13.

Во второто полувреме ракометарите на Франција ја превземаа контролата на натпреварот и со цврста и стабилна игра во одбраната и со сигурен нападот предност ја зголемуваа од минута во минута. Нашата репрезентација одигра борбено до крај на натпреварот но не успеаа да ја намалат резултатската негатива и крајниот резултат од средбата беше 39:29.

Најефикасен ракометар за нашата селекција беше Пешевски Жарко кој постина седум погодоци, следеше Џонов Иван со шест. На голот на нашата селекција Митревски Никола запиша единаесет одбрани.

За ракометарите следат натпреварите против домаќинот Германија натпревар кој ќе се оддигра во Берлин на 14.01, а потоа и натпревар против репрезентацијата на Швајцарија на 16.01.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести