Сениорската машка репрезентација на Македонија за загуби од репрезентацијата на Египет во првиот пријатески натпревар со резултат 32:25, натпреварот се одигра во Каиро.
Натпреварот го почнавме добро и храбро и ниту една од двете репрезентации не успеа резултатски да се одлепи. Почетокот на натпреварот им припадна на нашите ракоемтари кои имаа водство од 2:1 а потоа и 3:2, се до средината на првото полувреме резултатската контрола беше на страната на нашата репрезентација и имавме водство од 6:4 во 15-тата минута, но не успеавме да го задржиме до крајот на полувремето, односно ракометарите на Египет имаа серија од 4:0. На полувреме се замина со резултат 12:10 во корист на Египет.
Во второто полувреме ракометарите на Македонија успеваа да го изедначат резултатот на 14:14 а потоа и на 17:17, но не успеавме да го одржиме темпото на игра, а ракометарите на Египет со сигурна и одлична игра во нападот и со цврста одбрана успеаа да направат резултатска позитива од четири погодоци 23:19, односно водство кое го одржуваа и зголемија до крајот на натпреварот.
Најефикасен ракометар за Македонија беше Филип Талески со шест погодоци, потоа Цветан Кузмановски со четири погодоци, Бојан Маџоски постигна три.
За време на ЕХФ неделата нашата селекција ќе одигра уште еден пријателски натпревар против селекцијата на Египат, исто така во Каиро, а натпреварот е закажан за 06.11 со почеток во 17:00 часот.