Пораз од Данска во Алборг

Сениорската машка репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Данска во четвртот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2022.

Македонскиот тим беше рамнправен во првите десет минути од натпреварот. При резултат 9-8 имавме и напад за изедначување на резултатот, но потоа влеговме во лош период во кој во период од 8 минути игра не успеавме да постигнеме гол, периодот успешно го искористи репрезентацијата на Данска и стигна до 5 гола предност (12-07) а до крај на полувремето успеаа да ја зголемат предноста на седум (17-10).

den-mkd

Во второто полувреме Данска повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше, па селекторот на Македонија Кирил Лазаров шанса им даде на сите ракометари да играат. Долго време резулатот, односно негативата се движеше околу девет погодоци, но во финишот одново направиме неколку грешки и конечно средбата заврши со резултат 37-21 за репрезентацијата на Данска.

Најефикасен ракометар за Македонија беше Филип Кузмановски со пет постигнати погодоци, а Пешевски и Велковски постигнаа по три погодоци, додека за репрезентацијата на Данска најефикасен беше Гидсел со седум и Тофт Хансен со пет погодоци.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на