Вечерва во Надерун Арена во Бекесутра, Норвешка сениорките го одиграа последниот натпревар од EHF EURO CUP 2022 против репрезентацијата на Норвешка и забележаа пораз со резултат 32:27, на полувреме 14:14.
Натпреварот го почнавме добро и храбро и ниту една од двете репрезентации не успеа резултатски да се одлепи. Почетокот на натпреварот беше во корист на ракометарките на Норвешка кои имаа минимално водство од 2:1, па 4:3, но до средината на првото полувреме резултатската контрола беше на страната на нашата репрезентација и имавме водство од 6:8, па 8:10 со погодоците на Јована Саздовска, но не успеавме да го задржиме до крајот на полувремето. На полувреме се замина со резултат 14:14.

Само еднаш го израмнивме резултатот на 17-17 на стартот на вториот дел, потоа следеше серија од 5:1 во корист на репрезентација на Норвешка. На средина на второ полувреме, имавме неколку нереализирани напади и технички грешки кои ракометарките на Норвешка постојано ги користеа. Македонските репрезентативки до крајот на натпреварот и покрај обидите не успеаа да го намалат водството, натпреварот заврши 32:27.

За Македонија најефикасна ракометарка беше Сања Дабевска со пет постигнати погодоци, а Сара Ристовска, Моника Јаневска и Леонида Гичевска постигаа на четири погодоци, додека за селекцијата на Норвеша најефикасна ракометарка беше Сирум Кристина со девет погодоци.