Подмладената Македонија поразена од Русија во пријателската средба во Скопје

Подмладената Македонија поразена од Русија во пријателската средба во Скопје

Сениорската машка репрезентација на Македонија, настапи со подмладен состав и без неколкумина првотимци на пријателскиот натпревар против селекцијата на Русија.

Избраниците на Раул Гонзалез играа одлично во првото полувреме кое го завршија со предност од 19-15, но Русија знаеше да ги искористи проблемите со реализацијата на нашиот состав во текот на второто полувреме и направи пресврт за победа од 32-27 (записник од натпреварот)

На натпреварот не настапија повеќемина првотимци во нашиот тим, меѓу кои Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Гоце Георгиевски и Никола Митревски, а посериозна шанса добија неколкумина помлади играчи, меѓу кои и најмладиот Мартин Серафимов, член на Кадетската репрезентација на Македонија (до 18 години).

Со овој натпревар се затвораат подготовките на сениорите во рамки на ЕХФ неделата. Следниот собир на репрезентацијата е на почетокот на јуни 2018, во пресрет на бараж натпреварите за Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници