Победа против актуелниот Светски и Олимписки Шампион

Победа против актуелниот Светски и Олимписки Шампион

Македонската репрезентација е творец на најголемата сезнација во досегашниот дел од квалификациите за ЕП. Вечерва во Скопје, Македонија со 33-29 го совлада актуелниот светски и олимписки првак Данска.

mkd-den9

Средбата беше селекторско деби на Кирил Лазаров, а ја одбележа и враќањето во тимот на Филип Миркуловски, како и на Гоце Георгиевски и Дејан Манасков кои не беа дел од СП Египет 2021.
Данска поведе со 1-0 и тоа беше нивното единствено водство. Македонија потоа ја презема контролата и играше многу мудро и зрело и поведе со 5-3, но Данска успеа да израмни на 7-7. Одбраните на Никола Митревски и одличната игра во одбрана, како и напаѓачкиот квалитет на дуото Кузмановки – Талески – Велковски, ја вратија Македонија во предност и разликата се зголемуваше до конечните 17-13 на крајот на првиот дел.

mkd-den3

Второто полувреме беше и подобро од првото, Македонија продолжи да игра зрело и да диктира ритам па во еден момент имаше водсто и од 25-17, потоа 27-20, иако Данска успеа да се доближи на минус четири (24-28), Македонија знаеше како да го одбрани водството и на крајот славеше победа од 33-29.

mkd-den17

Најефикасни ракоетари во македонската репрезентација на овој натпревар беа Манасков, Талески и Кузмановски со по пет постигнати погодоци, а за репрезентацијата на Данска најефикасен ракометар беше Хансен со 11 погодоци.

013mkd-den22

Следен натпревар на сениорите во квалификациската фаза е во недела во 16:00 часот повторно против Данска во Алборг.

Фото: Филип Вирановски / gol.mk

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува поширокиот список

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како