Победа против Романија во 2023 Men’s World Championship Qualification Europe Phase 2 Part 1

Победа против Романија во 2023 Men’s World Championship Qualification Europe Phase 2 Part 1

Македонската ракометна репрезентација со победа против Романија со резултат 30:22 ги стартуваше квалификациите за пласман на СП 2023 кое ќе се одржи во Шведска и Полска. Момците на селекторот Кирил Лазаров одиграа фантастично борбен натпревар, и на крајот заслужено славеа победа со резултат 30:22.

Нашата селекција одлично го започна натпреварот со водство од 3:0 а потоа и 7:3, а на одличната и цврстата игра на сениорите во одбраната на почетокот од натпреварот се надоврза и Никола Митревски со неколку одлични одбрани, но потоа ракометарите на Романија одговорија со поорганизирана игра во нападот и одбраната и во 17-тата минута преку Чумпаничи успеаа да го изедначат резултатот на 10:10. До крајот на првото полувреме преку серијата голови на Кирил Лазаров, ракометарите на Македонија заминаа со предност, резултат гласеше 13:10.

Големата борба продолжи и во вториот дел, а ракометарите на Романија постојано ја бркаа резултатската негатива. Ракометарите на Македонија во почетните минути од натпреварот имаа постојана предност од 3 и повеќе подоци, а во 35-тата минута и најголемата предност од 5 погодоци (19:14). Ракометарите во45-тата минута од натпреварот успеаа резултатски да се вратат во игра 21-20, но ракометарите на Македонија одиграа фантастични 15 минути до крај на натпреварот и со серијата од 3 погодоци по ред на Филип Талески, славеа заслужена победа.

За репрезентацијата на Македонија најефикасен ракометар беше Филип Талески со 8 погодоци, потоа Кирил Лазаров и Филип Кузмановски кои постигнаа по 7 погодоци, а Никола Митревски го заврши натпреварот со 8 одбрани. За селекицијата на Романија најефикасен ракометари беше Габриел Чумпаничи и Андреи Негру со по 5 погодоци.

Повратниот натпревар од првиот бараж за пласман на СП 2023 е на 19.03.2022 во Букурешт со почеток во 17:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници