Победа против Алжир на Мундијалот

Сениорската машка репрезентација на Македонија ја запиша првата победа на Мундијалот во Полска/Шведска.

Вечерва во првиот натпревар од Президент Куп одигран во Плоцк славеа убедлива победа против селекцијата на Алжир со резултат 40:25.

Македонската репрезентација ја презема контролата врз играта и резултатот во раната фаза од натпреварот, ракометарите на Македонија имаа водство во целиот натпревар и заслужено стигнаа до победата. Во вториот дел од првото полувреме, нашите ракометари успеаја да стигнат до прво опипливо водство, кое гласеше 10-05. Избраниците на Кирил Лазаров со истиот интензитет продолжија и во вториот дел од првото полувреме, кога пред крајот на полувремето стигнаа и до предност од 9 голови (10-19). Во првото полувреме најрасположен ракометар во нашиот табор беше Жарко Пешевски кој постигна шест погодоци.

Во второто полувреме репрезентацијата на Македонија го контролираше натпреварот, разликата од девет погодоци предност ја зголемувавме, имавме максимални шеснаесет погодоци предност 22:38 во 57-та минута од натпреварот, за на крај натпреварот да заврши 40-25 за Македонија.

Следен натпревар за нашата селекција е во сабота против Тунис во 18:00 часот. Натпреварот ќе се одигра во Плоцк во рамки на Президент Куп.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести