Информација за јавност

Информација за јавност

Почитувани спортски пријатели,

Ве информираме дека со мнозинство гласови на Управниот Одбор на Ракометната Федерација, согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) ги усвои следниве одлуки:

1. Назначување на г-дин Левче Китески на функцијата Директор на машки и женски ракометни репрепрезнтации при РФМ.

2. Назначување на г-дин Гино Стрезовски на функцијата Стручен советник на селекторот во женски репрезентации.

3. Назначување на г-дин Димитар Митревски на функцијата координатор на машки ракометни репрезентации.

4. Назначување на г-дин Ѓорѓе Војновиќ , Главен Извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје, за нов член на Управен Одбор на РФМ.

5. Назначување на др. Билал Суџубаши , Генерален Извршен директор на Халкбанк АД Скопје, за нов член на Управен Одбор на РФМ.

 Донесените Одлуки ќе бидат верификувани на следниот управен одбор.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува поширокиот список

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како