Нерешено во првата пријателска со Словенија

Нерешено во првата пријателска со Словенија

Македонската машка ракометна репрезентација одигра максимално изедначен и до крај неизвесен натпревар на гостински терен кај Словенија. Реализацијата на ударот од 7 метри на 10 секунди до крајот од средбата, донесе изедначени 28-28.

По почетното водство на Словенија, Македонија со добра игра во одбрана и без примен гол 8 минути, стигна до предност од 2-1. Сепак, веднаш потоа следуваше серија од 3-0 на домаќинот, а во 21 минута од натпреварот Словенија стигна и до највисоките 4 гола разлика (8-4). Се играше генерално гол за гол и доста ефикасно до крајот на првото полувреме, a на пауза се замина со 13-10 за Словенија.

Нашите ракометари одлично го почнаа второто полувреме, набрзина успеаја да ја намалат негативата, а до 38-та минута стигнаа и до комплетен пресврт, поведувајќи со 16-15. Завршницата од натпреварот донесе многу голови, но и многу исклучувања на двете страни. Се играше максимално изедначено и со често менување на водството, Македонија својата највисока предност ја имаше во 43 минута (20-18), но следуваше период во кој Словенија повторно ја врати предноста и во последните 2 минути од средбата влезе со позитива од 2 гола (28-26).

Сепак, избраниците на Ивица Обрван немаа намера рано да се откажат од натпреварот, најпрво намалија на 28-27, а на 10 секунди до крај, со реализација на седмерец на Кирил Лазаров, успеаја да изедначат и да ги постават конечните 28-28.

Словенија – Македонија 28-28 (13-10)
Македонија: Митревски, Ристовски, Дупјачанец, Манасков 2, Стоилов 2, Кукоски, К.Лазаров 7, Митков 4, Јоноски, Талески, Миркуловски, В.Марковски, Н.Марковски, Мојсовски 2, Прибак 3, Георгиевски 3, Ф.Лазаров, Ојлески 3, Кузмановски, Пешевски 2, Костески

Натпреварот во Кршко беше првиот од двата кои Словенија и Македонија ќе ги одиграат во склоп на подготовките за ЕП. Втората меѓусебна средба се игра веќе утре во Целје од 18:30 часот.

До крајот на подготовките, Македонија ќе одигра уште две пријателски средби во Скопје против Црна Гора закажани за 10 и 11 јануари.

 

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации