НЕКОИ ПРИКАЗНИ ДОЛГО ЌЕ СЕ РАСКАЖУВААТ, А ЛЕГЕНДИТЕ СЕ ЗАСЕКОГАШ
Хуманитарниот ракометно музички спектакл на 3 јануари го славеше ракометот, го славеше спортот, заедно со ракометните великани и актуелните македонски репрезентативци.
Мечот на деценијата – „Сите ѕвезди“ сплоти 5.500 навивачи кои дојдоа да ги поздрават ракометните легенди и актуелните репрезентативци. Резултатот на овој посебен натпревар беше во последен план. Победи спортот, победи човечноста, победи хуманоста.
Од ракометниот терен се простија 22-те ВЕЛИЧЕНСТВЕНИ, кои оставиле „белег“ играјќи во националниот дрес, кои пред своите семејства ја ставаа татковината, кои гордо и храбро се носеа во сите победи, но и во сите порази.
Сите овие големи ракометни имиња заслужуваат поклон до земја. Тие, заедно со македонската публика им ја дадоа потребната поддршка на актуелните репрезентативци пред заминувањето на Светското првенство во Полска. Зборот од нив е посебен за младите, за оние кои доправа треба да чекорат по патот и да ја продолжат оставнината.
А успехот нема да биде комплетен доколку на трибините не биде „Фалангата“. Поддршката од нив не може да се опише со зборови. Навивачите никогаш не жалат за поминатите илјадници километри, а Ракометната Федерација на Македонија не ги заборави ниту нив. Посебни благодарници добија Климе Стоилов и Ристе Шиц за неверојатната поддршка која им ја пружат на репрезентативците години наназад.
А за да спектаклот биде комплетен се погржија познати музички ѕвезди, кои навистина допринесоа сите да уживаме. Сашко Коцев го водеше шоуто, а Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија направија вистинска забава, секако заедно со ракометните великани и актуелните македонски репрезентативци.
Со овој настан, РФМ, заедно со поддржувачите и публиката во Арената „Борис Трајковски“ успеа им помогне на оние кои имаат најмногу потреба од тоа – Децата од СОС Детско Село.
Собрани се близу 1,3 милиони денари а деталите околу донацијата ќе бидат објавени наскоро.
SOME STORIES WILL BE LONG TOLD, WHEREAS LEGENDS LAST FOREVER
The humanitarian handball-music spectacle on 3rd January celebrated handball, celebrated the sport, along with the Macedonian handball legends and the actual representatives of the national team.
The match of the decade – “ALL STARS” brought together over 5.500 spectators who came to salute the handball legends and the actual players. The result of this special match was of least importance. The sport won, humanity won, solidarity won.
22 GRANDS said farewell to the court. Ones who left their own marks therein playing in the national jersey that they wore with pride, ones who put their homeland in front of their families and bravely stood tall in all victories and defeats.
These great Macedonian handball idols deserve huge bow. Together with the spectators in the arena, they gave all their support to the present national team before the departure to the Men’s World Handball Championship in Poland. The word of the legends means a great deal, as the presents are the ones who are supposed to step along the same path and continue the legacy.
The success would not be complete without the support from the Macedonian “phalanx”, which cannot be described in words. The cheerleaders never complained on the thousands of kilometers travelled, just to cheer their idols, and the Macedonian Handball Federation did not omit them now. Special acknowledgments were given to the veterans therein: Klime Stoilov and Risto Shicz for their incredible support over the years.
Famous Macedonian music stars truly added to the atmosphere of enjoyment. Sahko Kocev led the show, and Dac and Aleksadar, Kiki, Next Time and Memorija made a real party in the arena including the court singing along with the handball legends and the present players.
With this event, the Macedonian Handball Federation, together with the supporters and the audience in the arena “Boris Trajkovski” managed to help those in need – the children from the SOS Kinderdorf.
Over 1.3 Million Denars were raised (above EUR 22.000) and the details regarding the donation will be published soon.