Младинската ракометна репрезентација на Македонија ќе има тешка задача во квалификациите за претстојното СП за играчи до 21 година, откако „црвено-жолтите“ се најдоа во втората квалификациска група, една од најтешките што беа извлечени во денешниот ждреб.
Нашите надежи ќе ги одмерат силите со Франција, селекција што триумфираше на европскиот шампионат во Австрија летово, а тука се и нималку наивните селекции на Чешка и Полска, со кои македонската репреззентација ќе се бори за второто место во групата.