Младинците ги почнаа тренинзите за ЕП во Данска

Младинците ги почнаа тренинзите за ЕП во Данска

Без Филип Кузмановски, Филип Талески и Мартин Томовски, кои се на списокот на Сениорската репрезентација, ВД селекторот на Младинската репрезентација, Александар Јовиќ, вчера го одржа првиот тренинг кој означи почеток на подготовките за настап на Европското Првенство во Данска.

Младинците го одржаа првиот тренинг во салата „Автокоманда“ во Скопје, каде ќе тренираат и во наредниот период до завршувањето на првата фаза од подготовките. Со почетокот на втората фаза ќе се приклучат и тројцата сениорски репрезентативци, чија работа во меѓувреме Јовиќ ја следеше и на тренингот на сениорската репрезентација синоќа во СЦ „Борис Трајковски“.

Младинската машка репрезентација на Македонија, на ЕП во Данска што ќе се игра од 28 јули до 7 август, се наоѓа во група со домаќинот, Норвешка и Холандија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести