Младинската женска репрезентација на Македонија ги заврши подготовките и денеска замина за Словенија каде утре ќе го почне настапот на Европското Првенство.
Избраничките на Борче Марковски се подготвуваа во Маврово и во Скопје во изминатиот период, а утре (четврток) од 19:00 часот со натпреварот против Хрватска ќе го отворат настапот на континенталниот собир.
Нашите репрезентативки ги очекуваат три исклучително тешки средби во првата групна фаза, против Хрватска, Русија и Норвешка. Првопласираните две селекции од групата ќе ги продолжат натпреварите во четвртфиналните групи, додека останатите репрезентации ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
Македонија на ова Европско Првенство ќе ја претставуваат 17 ракометарки: Слободанка Кицеска, Сандра Митевска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Милевска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Сашка Филиповска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Михаела Камчевска, Јована Владева, Ања Велкова и Сара Коларовска.
Распоред на натпревари, ЕП Словенија:
Четврок, 19:00 Македонија – Хрватска
Петок, 17:00 Македонија – Русија
Недела, 19:00 Македонија – Норвешка
Пренос од сите натпревари во живо (Live Stream) ќе може да се проследи на овој линк.
Инаку, Младинската женска репрезентација на Македонија, пласман на ЕП во Словенија обезбеди по успешниот настап на квалификацискиот турнир што се играше во Скопје, во конкуренција на Унгарија, Фарски Острови и Молдавија.