Младинците со победа го започнаа настапот на MEN’S 20 EHF EURO 2024

Младинците со победа го започнаа настапот на MEN’S 20 EHF EURO 2024

Младинската машка репрезентација со победа го започна своето учество на MEN’S 20 EHF EURO 2024 кое се оддружува во Словенија. Нашите млади ракометари се дел од групата А заедно со Црна Гора, Хрватска и Австрија.

Денес во СС „Златорог Арена“ во Целја, Словенија нашата младинска селекција славеше убедлива победа против селекција на Црна Гора со резултат 21:31.

Првиот напад на натпреварот го имаа ракометарите на Црна Гора кои успешно го реализираа и го имаа почетното водство, но веднаш потоа следеше серија од четири погодоци на нашите младинци и резултатот беше 1:4 во третата минута од натпреварот, Мирче Калајџиевски беше непогрешлив во нападот а Иван Галевски беше несовладлив на голот. Ракометарите на Црна Гора успеаа резултатски да се вратат но следеа петнаесетина минути во кои не можеа да постигнат погодок, а сето тоа беше искористено од нашите ракометари за запишување на најдоголемо водствто 3:10. Нашите млади ракометари го задржаа водството и на полувреме се замина со резултат 5:12.

Во второполувреме ракометарите на Македонија го зголемуваа водството преку Субашевски, Калајџиевски и Узунчев додека нашите голмани Галевски и Брестовац беа несовладливи на голот, конечен резултат на натпреварот беше 21:31.

Најрасполежен ракометар во нашиот табор беше Димитар Узунчев кој постигна осум погодоци а беше прогласен и за МВП на натпреварот.

Следат натпреватите против Хрватска кој ќе оддигра утре со почеток во 12:00 часот , а потоа и со Австрија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести