Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Словенија во третиот натпревар од EHF EURO CUP, натпреварот се одигра во Целје, Словенија, во рамки на ЕХФ неделата.
Во третиот натпревар на EHF EURO CUP, сениорската репрезентација на Македонија загуби со резултат 29:28, на полувреме 15:14.
Селекцијата на Словенија подобро го започна натпреварот, започнаа со одлична игра во одбраната и сигурен напад, поведоа со 4:1 во петата минута, а на средина на првото полувреме имаа и водство од пет погодоци (10:05). Сепак до крајот на првото полувреме сениорките успеаа да се вратат резултатски во игра, а предводничките на играта на Македонија во тој период беа Сара Ристовка и Моника Јанеска. Сениорките на полувреме заминаа со гол негатива, односно 15:14.
Второто полувреме започна изедначено, двете репрезентации одиграа егал, се играше гол за гол. а по осум минути игра во второто полувреме сениорките го запишаа и првото водство на натпреварот (18:19) со погодок постигнат од Сара Ристовска. Сепак водството не беше доволно за да забележиме позитивен резултат. Во последнате секунди од натпреварот промашивме пенал, а селекцијата на Словенија забележа минимална победа (29:28).
На натпреварот најефикасна ракометарка беше Ана Грос со девет постигнати погодоци, додека за репрезентацијата на Македонија, најефикасна ракометарка беше Симона Стојковска со осум погодоци, потоа Моника Јанеска со седум, Сара Ристовска шест погодоци. На нашиот гол Јована Мицевска успеа да забележи осум интервениции.