Металург 2 е нов Суперлигаш

Металург 2 е нов Суперлигаш

Екипата на Металург 2 го освои првото место во Првата машка ракометна лига за сезоната 2018/19, со што обезбеди директен пласман во Суперлигата за наредната сезона. Во последното коло од Првата лига, Металург 2 славеше на гостински терен кај Вардар Неготино со 24-32, осигурувајќи ја првата позиција на табелата.

ГРК Борец го заврши овогодинешниот суперлигашки Плеј аут на последното место, со што наредната сезона ќе се натпреварува во Првата машка лига.

Екипите на Јуниор К.В. и Работнички во меѓусебна пресметка ќе се борат за второто место кое носи бараж натпревар со екипата на Прилеп за пласман во Супер лигата.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука по пристигнато барање од

Известување до медиуми

Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитирање на претставниците на медиумите за