Македонија со победа ги почна квалификациите за ЕП 2022.
Вечерва во Скопје, Македонија ја совлада репрезентацијата на Финска и со два бода ќе патува на гостувањето во Швајцарија во второто коло од квалификациите за ЕП 2022. Воведните десетина минути од натпреварот се играше израмнето, со повеќе нереализирани шутеви од двете страни. Како се развиваше мечот, Македонија ја преземаше контролата и поведе со 10-5 по дваесет минути игра.
Водството на македонскиот тим не беше загорзено до крајот на првиот дел и покрај тоа то селекторот на Македонија почна шанса да им дава на повеќе ракометари. На полувреме беше 16-10, а Македонија постојано имаше контрола врз резултатот и во второто полувреме. Треба да се одбележи дека сите ракометари од ростерот добија шанса да играат. Најефикасен беше капитенот Лазаров кој игршае 40-тина минути и постигна 11 погодоци. Конечен резултат на натпреварот 32:24 во корист за Македонија.