Македонија против Црна Гора во второто коло од ЕП

Македонија против Црна Гора во второто коло од ЕП

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва од 20:30 часот го игра вториот натпревар на Европското Првенство 2018. По големата победа над Словенија во првото коло, избраниците на Раул Гонзалез подготвени ја очекуваат денешната средба која би можела да ни го осигура пласманот во втората фаза од Првенството.

Во максимално борбен и неизвесен натпревар, Македонија ја совлада Словенија со 25-24 во првата средба од Првенството и со евентуална победа на денешниот натпревар, не само што ќе го осигура своето место во втората фаза, туку ќе пренесе и најмалку два бода во новоформираната група што би се играла во Вараждин.

Вчера нашите репрезентативци одработија еден тренинг во Загреб и максимално фокусирани и подготвени, го очекуваат денешниот меч. Селекцијата на Црна Гора доживеа пораз од 32-19 во првиот натпревар на ЕП против Германија.

Натпреварот Македонија – Црна Гора почнува од 20:30 во Загребска Арена. Покрај нашата средба, денеска во групата Ц ќе се сретнат и селекциите на Германија и Словенија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести