Македонија ќе биде организатор на квалификациската група за Сениорското женско СП 2019

Македонија ќе биде организатор на квалификациската група за Сениорското женско СП 2019

Откако на ЕХФ Конгресот што во јуни се одржа во Глазгов беа извлечени групите за квалификациите за СП 2019 во сениорска женска конкуренција, денеска на состанок во Виена одредени беа организаторите на четирите квалификациски групи.

Македонија ги доби правата да го организира турнирот во квалификациската група 4, каде уште ќе настапат и селекциите на Турција, Исланд и Азербејџан. Според календарот, турнирот ќе се одигра во периодот од 30 ноември до 2 декември 2018 година. Точната локација и времето на почеток на натпреварите дополнително ќе бидат одредени.

Победникот во квалификациската група ќе обезбеди учество во баражот натпреварите ќе се играат во јуни 2019 година. Во баражот ќе се пласира и најдобрата второпласирана селекција од сите четири групи. Светското првенство ќе се игра во Јапонија на крајот на ноември и почетокот на декември 2019 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на