Сениорксата репрезентација на Македонија забележа уште една победа во пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Грузија, резултат од натпреварот 29-28 (полувреме 17-14).
Натпреварот се одигра во СЦ Борис Трајковски донесе многу возбудување во текот на целиот натпревар. Македонија поведе на почетокот од натпреварот со 3-1 по пет минути игра. Предоста се зголемуваше и во 12 минута нашата репрезентација имаше водство од 8-3. Нашата репрезентација успеа да го задржи водството и на полувреме Македонија замина со три погодоци предност (17-14).
Второто полувреме започа со гол за гол на двете репрезентации, но репрезентацијата на Грузија успеа го анулира нашето водство и во 41 минута изедначи на 21-21. До крајот на натпреварот нашата репрезентација имаше водство и од два гола (27-25), но репрезентацијата на Грузија успеа повторно да го изедначи резултатот (27-27). До крајот се играше егал натпревар, а Мартин Поповски со гол во последните секунди и донесе победа на нашата репрезентација.
Македонија успешна ја заврши ЕХФ неделата со три победи и еден нерешен резултат.