Вечерва во СЦ “Јане Сандански” сениорите одиграа пријателски натпревар против селекцијата на Чиле. Нашата репрезентација со победа ја започна 2021 година, краен резултат на натпреварот беше 25:21, на полувреме 15:11 во корист на Македонија.
Воведните десетина минути од натпреварот се играше израмнето, со повеќе нереализирани шутеви од двете страни. Како се развиваше мечот, Македонија ја преземаше контролата и поведе со 11-6 по дваесет минути игра. Водството на македонскиот тим не беше загрозено до крајот на првиот дел на полувреме беше 15-11, а Македонија постојано имаше контрола врз резултатот и во второто полувреме.
Репрезентацијата на Чиле успеа да се доближи до два гола негатива, но потоа следеше сигурна игра во одбраната и во нападот за на крај натпреварот да заврши со 25:21 за Македонија.
Најефикасни ракометари за националниот тим беа Жарко Пешевски и Марти Серафимов со по 5 постигнати погодоци.