Квалификации за ЕП за Јуниори – 19:30 Македонија – Швајцарија

Квалификации за ЕП за Јуниори – 19:30 Македонија – Швајцарија

Македонската Јуниорска репрезентација (У20) вечерва со почеток од 19:30 часот го почнува настапот на Квалификациите за ЕП што се играат во Шафхаузен, Швајцарија. Прв противник на избраниците на Александар Јовиќ е домаќинот, репрезентацијата на Швајцарија.

По одработените подготовки во Скопје, во кои имаа можност да одиграат и неколку пријателски натпревари Јуниорите викендов ќе ги одиграат трите натпревари од квалификациската група за Европското Првенство. На отворањето, се среќаваме со селекцијата која е издвоена како прв фаворит во групата, додека во преостанатите две средби во сабота и недела, играме против Фарски Острови и Црна Гора.

Најдобропласираните две репрезентации од групата ќе обезбедат пласман на ЕП. Пренос во живо (Live Stream) од сите натпревари ќе може да се проследи на: http://handballtv.ch/sport/handballTV

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на