Кадетската машка репрезентација во третиот шешир за извлекувањето на групите за 10th IHF Men’s Youth World Championship

Кадетската машка репрезентација во третиот шешир за извлекувањето на групите за 10th IHF Men’s Youth World Championship

Кадетската машка репрезентација на Македонија ќе биде дел од 10th IHF Men’s Youth World Championship кое ќе се оддрижи во Хрватска, а градови-домаќини се Опатија, Вардаждин, Корпривица и Ријека во период од 02 – 13 Август 2023 година.

Нашата кадетска селекција во пресрет на извлекувањето е дел од третиот шешир заедно со репрезентациите на Руанда, Иран, Саудска Арабија, Јапонија, Бразил, Кина и Мароко.

10th IHF Men’s Youth World Championship ќе биде прво на кое учество ќе имаат 32 репрезентации, на претходното СП за кадети кое се оддржа во Скопје, Македонија учествуваа 24 репрезентации.

Во пресрет на извлекувањето репрезентациите ќе бидат поделени во 4 шешири:

Шешир 1: Египет, Шпанија, Шведска, Германија, Унгарија, Данска, Норвешка, Португалија.

Шешир 2: Јужна Кореа, Хрватска, Фарски Острови, Исланд, Словенија, Црна Гора, Аргентина, Австрија.

Шешир 3: Руанда, Иран, Саудска Арабија, Македонија, Јапонија, Бразил, Кина, Мароко

Шешир 4: Мексико, Бурунди, Алжир, Чешка, Бахреин, САД, Нов Зелaнд, победник на IHF Inter-Continental Trophy

Извлекувањето на групите ќе се оддржи денес во 12:00 часот во Хрватска.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве известува дека апликациите за акредитации за